10 најважни совети за патување

Кога треба да отпатуваме некаде, секогаш постои огромна возбуда, која се должи на потребата од брзо и ефикасно пакување, носењето на сите неопходни нешта, искечкувањето на она што ќе нѐ дочека на дестинацијата, итн. За полесно да ги поминете подготовките, треба само да ги следите десетте најважни совети за патување.

Проверете го пасошот

Датумот на истекување на важноста на вашиот пасош не смее да биде помалку од 6 месеци, на датумот кога треба да се вратите дома. Во спротивно, можно е да се соочите со проблеми при преминувањето на границите.

Копирајте ги податоците

Направете една копија од пасошот, патничкото осигурување и од кредитните картички кои ги носите со себе. Копиите ставете ги во посебен дел од багажот. Доколку се соочите со кражба, тие ќе ви бидат неопходни за откажување на документите и платежните средства, но и за да можете да се вратите дома.

Внимавајте на законите

Можеби законите и обичаите во државата во која патувате ви изгледаат чудни, но тоа не значи дека ако влезете во конфликт со законот, некој ќе ве третира поинаку отколку локалните жители.

10 најважни совети за патување

Пакувајте се паметно

Никогаш не ставајте повеќе во вашиот куфер отколку што можете да носите. Нема ништо полошо од тоа да се препотите влечкајќи го преполниот куфер по себе. Не ги надминувајте сопствените можности, бидејќи нешто од спакуваното сигурно не е неопходно.

Понесете си стара книга

Никогаш не носете со себе книга што ви е особено драга или пак книга позајмена од библиотека. Наместо тоа, земете стара книга или некоја што можете да ја оставите во хотелот, без воопшто да ви биде жал за неа.

Различни бои

Овој совет најчесто е за мажи, но понекогаш може да важи и за жени. Сите маици и блузи не треба да ви бидат во ист тон. Можеби сино најдобро ви стои, но никој нема да забележи дали на фотографиите носите сина маица со црвени микро линии или пак без. Земете си облека во повеќе бои.

Заборавете на хуморот

Не се обидувајте да се шегувате со граничари или пак со полиција или келнери во земјата каде што патувате. Најчесто немаат смисла за хумор, а можат животот да ви го направат пекол.

Без специфични сувенири

Никому не му ветувајте специфичен сувенир. Можеби земјата во која патувате е позната по некој детаљ, но може да се погоди токму на вашето патување да не најдете такво нешто или пак да биде премногу скапо.

Внимавајте со морската храна

Никогаш не јадете остриги на празен желудник и по секоја цена избегнувајте ги барем половина час пред да одите на тура со брод.

Клучеви од дома

Кога се пакувате за враќање, клучевите од дома спакувајте ги на лесно достапно место во вашиот багаж. Нема ништо полошо од тоа да ги оставите на дното од најголемиот куфер и да се сетите дека е така дури кога таксито со кое се враќате ќе биде на една минута пред вашиот дом.