НЕКОЛКУ ИДЕАЛНИ СОВЕТИ ЗА ПАТУВАЊЕ

Понекогаш најдобрите совети нема да ги пронајдеме во некоја голема енциклопедија за патувања или обичен артикл од весник. Најдобрите совети понекогаш знаат да бидат малите делови од искуствата кои ги сумираат патниците ширум светот, кои со години се обликуваат преку обиди и грешки.

Благодарение на прашањето кое го поставил корисникот на сајтот “Reddit @road_to_nowhere”, ви даваме совршена листа на патни совети, толку едноставни и инспиративни, што секако ќе ги искористите во некој момент од своето патување.

Доколку навистина сакате да искусите некое ново место и култура, дајте си себе си време, не брзајте туку препуштете се и уживајте.

Понесете дупло повеќе пари и дупло помалку ствари.

Купувајте искуство и доживувања, а не предмети.

Направете го тоа веднаш. Не бидете еден од оние кои велат дека ќе отпатуваат некаде за две, три години, кога ќе соберат доволно пари.

Два збора за било која локација – удобни чевли!

Не заборавајте да понесете пешкир.

 

Кога се пакувате, ставете сé што ви треба на креветот и изберете само половина од стварите кои сте планирале да ги понесете.

Купете празна тетратка додека се наоѓате некаде, наполнете ја со мисли, емоции, активности, било што! Кога ќе ја наполните, испратете ја дома и започнете нова.

Пробајте сé, барем еднаш.

Понесете тоалет хартија.

Одвојте некој ден за да во целост се изгубите, никогаш не знаете што ќе откриете во таа прилика.

Никогаш не носете паричник, пасош или било што вредно во задниот џеб.

Секогаш пред поаѓањето, проверете колку чини такси од аеродромот до дестинацијата која што ви треба.

Не потпирајте се на водичите. Локалното население и луѓето кои ќе ги запознаете секогаш имаат подобар совет.

 

Носете квалитетни чорапи за да избегнете плускавци.

Секогаш одвојувајте малку време за да седнете и посматрате околу себе, како би сфатиле колку убавини има околу вас и колку се забавувате.