399.00

На само 5км од француско- италијанската граница, се наоѓа еден од најатрактивните скијачки центри во Франција – Espace Killy, именуван по трократниот олимписки шампион Jean-Claude Killy. Espace Killy -Tignes i Val d’Iser, е ски област во Савојските Алпи кои ја сочинуваат ски стази со должина од 300 км. на надморска височина од 1550м до дури 3450м надморска височинаи важи за едно од најдобрите ски центри во светот. Исто така овој центар го носи и епитетот најдобар во поглед на атмосферата и ноќниот живот кој го нуди. Ќе имате можност да скијате на исклучително долги стази, од кои секако најпозната е велеслаломската стаза во Val d’Isere на која се вози Светскиот куп. Скијајте на местото каде што скијаат НАЈДОБРИТЕ! Делот Val Claret e по наше мислење најдобар избор поради близината на глечерот Grande Motte и врската Val d Isere како и одличниот ноќен живот