ПАРГА  градче кое се наоѓа во приморскиот дел на Епир, на Јонско море, 60 километри од Јанина и 540 километри одалечено од Скопје. Денес Парга е најпознатото летувалиште во таа област. Интересно за Парга е дека влече корени од античко време, а големи влијанија имаат и западната цивилизација и култура. Жителите се пријатни, во нивниот дух ќе го осетите големото вилајнието на венецијанска култура, британската прецизност и турската гостопримливост.  Денес Парга е комплетно летувалиште каде секој ќе пронајде по нешто за себе: две градски плажи, долгото шеталиште покрај море, плажата Валтос- одалечена околу 20 мин. пешачење, плажата Лихнос, старата градска тврдина која датира од 14 век, голем избор на еднодневни излети до островите Крф, Паксос, Антипаксос, Лефкада…