Овде се наоѓа целата мистичнос на северните народи. Испанд е една од најинтересните земји во Европа. Ако некаде на стариот континент се има зачувано древната природа тоа е во Исланд. Овде ќе имате прилика да ја доживеете хармонијата која ја создаваат ледените глечери и топлите извори на вода, изобилството од вулкани и водопади, снежните планини и зелените долини покриени со магла или осветлени со прекрасно виножито. Кога ќе го посетите Исланд ќе откриете еден нов свет исполнет со неверојатни гледки. Не случајно низ годините Исланд стана една од најпосетуваните туристички дестинации во светот со сезона која трае цела година.