329.00

Оваа година со Нехар Травел скијајте во едно од најпознатите Француски скијалишта во областа “Grand Domaine” со 249 км стази на површина од 10.000 хектари. Скијалиштето ALPE D’HUEZ е сместено на надморска височина од 1869 м. и е идеално како за почетници, така и за врвни скијачи/бордери. Од најголемиот врв na 3300 m/nv -PIC BLANC, ќе уживате во прекраснта панорамска глетка на околните планински врвови како и на скијалиштето Les 2 Alpes. Од овој врв почнува прочуената црна стаза “Sarenne” долга 16 к (повеќе поради должината него според тежината). Поради својата надморска висина, има изузетно квалитетен снег во текот на целата ски сезона. Покрај природен снег, има 700 топови за вештачки снег кои секако гарантират скијање до пролет. Има 2 snowparka, осветлена стаза за ноќно скијање, отворен базен со топла вода, посебно обезбедени ски патеки за деца и посебна стаза за спуст со санки. Бројните ресторани и клубови го прават местото за идеален зимски одмор. Поради неговата репутација дека има најмногу сончеви денови на ски терените, го добива називот “Острово на Сонцето”.